За Нас

Историја

Со скромен почеток во 1989година, но со голема верба во сопствената идеа, со многу вложен труд и упорност, секојдневно надградувајќи го знаењето и креативноста, пратејќи ги светските трендови на внатрешно уредување, прераснавме во препознатлив бренд во земјава и пошироко. По повод 20 години постоење, со огромно задоволство Ве покануваме во новиот салон во Индустриска зона во населба Илинден, на простор од 900м² во магично пријатна атмосфера. Дојдете и ужвајте со сите сетила во нашата најнова понуда.

Мисија

Со максимална посветеност при изборот на целокупниот асортиман на производи да се обезбеди константен раст со зголемена понуда и услуги со единствена цел да се задоволи потребата и желбата од квалитетно, модерно и корисно на секој потрошувач.

Визија

Константен раст и зголемена понуда на уникатни парчиња мебел, производи од порцелан, керамика, стакло, дрво, метал, текстил, украси за внатрешноста но и за надворешноста на домот или деловниот простор. Изработени во соодветен дизајн и естетика предметите за секојдневна употреба да ги задоволуваат потребите и желбите на секој купувач, со што во ентериерот на секој простор да се даде специфичен печат на креативност и едноставност. Сите овие детали можат да бидат и одлична идеа за подарок доколку сакате некого да изненадите.

 

Фејсбук

 


 

Цвеќарница Валер


  • Бидермаери
  • Аранжмани за во ресторан
  • Декорацииа на автомобили